ОБУКА “Заштита на личните податоци и Офицерот како овластено лице за нивна заштита” 16.12.2024 година

Спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци во секојдневното работење може да претставува предизвик и комплексен процес, а во таа насока е многу битно да се разбере суштината на Законот и добро да се испланира насоката која ќе ја одбереме за спроведување на законските одредби. Подготовките и доброто планирање претставуваат основен столб за воспоставување на одржлив систем за заштита на личните податоци. Контролорите сè уште наидуваат на предизвици за воспоставување на системот за заштита на личните податоци. Висината на казните за нeусоглаеноста е дополнителна причина за посветено да се заокружи усоглсаувањето со Законот.

За таа цел, ИНТЕЛЕКТ ББ во рамките на својата програма за организирање обуки, ја организира оваа обука во која ќе се разработат чекорите за успешно спроведување на Законот и за поставување на ефикасен систем за заштита на личните податоци.

Ве покануваме да земете учество на обуката која ќе се одржи на ден 16.12.2024 година (понеделник), во Хотел Романтик, Велес во временски период 10:00 до 15:00 часот.


Предавач – Бобан Митковски, Правен експерт од областа на заштита на личните податоци.


Цена за учество:
Котизација за учесник изнесува 5.500,оо денари плус ДДВ.
Пријавување и уплата најдоцна до 10.12.2024 година


По завршување на обуката за секој присутен обезбедени се материјали од обуката и потврда за учество.


Информации и пријавување на меил:
intelektbb@yahoo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *