ТРИДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА

АТИНА, Грција од 03 до 06 Октомври 2024 година

-Предизвиците во јавните набавки – практични искуства и најдобри практики

Почитувани, на наше огромно задоволство во соработка со најголемите експерти и практичари од областа на јавните набавки  организираме тридневна работилница на тема „Предизвиците во јавните набавки – практични искуства и најдобри практики“

Искористете ја оваа можност за учество на работилницата на која ќе бидат презентирани најдобри практики при примената на законските одредби и ќе бидат споделени практични искуства од конкретни проблематични ситуации и начинот на кои истите биле решени во согласност со закон.

Обуката има за цел стекнување со знаења, вештини и компетенции, како и стручно усовршување во областа на јавните набавки заради транспарентно, стручно, економично и ефикасно спроведување на постапките за јавни набавки на сите нивоа. Преку обуката ќе се усовршат теоретските и практични знаења преку осврт на клучните аспекти од примената на Законот за јавните набавки и користењето на Електронскиот систем за јавни набавки при спроведување на постапките.

ТЕМИ КОИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ:

Сесија 1: Права и обврски на учесниците во постапките за јавни набавки 

Сесија 2: Прифатлива понуда 

  • Која е содржината на тендерската документација?
  • Како да се прибере потребната документација?
  • Како да се користат дигиталните сертификати?
  • Корисни совети за економските оператори;

Сесија 3: Групна понуда, поддршка од друг субјект и подизведувачи

  • Зошто се користат?
  • Кои се предности и слабости на групната понуда, подизведувањето и поддршката од други субјекти?
  • Која е разликата помеѓу подизведувач и користење способност од друг субјект?
  • Како се докажува способноста во секој од овие случаи?
  • На што да се внимава при составување на договорот за групна понуда?

Сесија 4: Најчести повреди при спроведувањето на постапките за јавни утврдени во постапката на правна заштита

  • Неусогласеност на податоците во огласот и тендерската документација;
  • Најчести слабости при евалуација на понудите;
  • Пропуст за одговарање на прашањата поставени од економските оператори;
  • Најчести жалбени наводи во однос на невообичаено ниски цени групни понуди и подизведувачи;

Сесија 5: Управување со договорите за јавни набавки

  • Кои се можностите за анексирање на договорот?
  • Како да се документираат причините за измена на договорот?
  • Дали вишата сила и променетите околности може да доведат до престанок или пак до измена на договорите за јавни набавки?
  • Промена на технологиите како причина за анексирање на договорите;

Предавачи на семинарот:  истакнати експерти од практиката

Цената за пакет аранжман за работилница со вклучени принтани материјали изнесува  48,000 денари

Пријавување и уплата до 06 септември 2024 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *