За нас

Нашата мисија, визија и цел

Intelekt-bb е компанија која се занимава со организација на семинари, обуки и тим билдинг активности.                                                                      Примарна задача ни е да обезбедиме квалитетни и современи обуки од областа на јавни набавки, финансиско-материјално работење, област на човечки ресурси, бизнис-менаџмент.                                  

Внимателно одбираме теми за повеќе сектори со цел проширување на знаењата, алатки и вештини, а истовремено и зголемување на степенот на задоволство во работните организации.

Наши соработници се врвни професори, професионалци докажани во своите области, кои несебично го споделуваат своето знаење и умешност, со цел успешно функционирање за сите кои имаат потреба во своите колективи да внесат иновативност и современо функционирање.

Зошто да не изберете нас

Затоа што нашиот тим ќе Ви помогне да ги решите сите дилеми и проблеми со кои се соочувате во Вашите работни организации.

Следете ги престојните обуки кои се креирани согласно актуелните динамики. Избираме иновативни теми кои ќе помогнат во Вашето професионално функционирање и делување.

Изберете ги нашите услуги за да почувствувате разликата. Насоченоста да го зголемиме Вашето задоволство е една од причините зошто да не изберете токму нас. Високиот степен на задоволство кај вработените носи прогрес, успех и многубројни бенефити за секоја организација.